22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кондовски: Обезбедуваме урбан и рурален развој за секоја микро средина во Општина Битола!

Развојот на нашата Битола мора да допре до секоја општествена пора, до секој наш сограѓанин – независно дали живее во центарот на градот, во некоја подалечна населба или рурална средина. Сите се поддеднакво важни! Во мојата визија секое населено место има еднаков третман!

Со овие зборови денеска на прес конференција во Нова Битола, кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски соопшти дека дел од програмата се значајни проекти кои ќе донесат урбан и рурален развој на секоја микро средина во Општина Битола.

„Месните урбани заедници и руралните населби се основна општествена клетка. Преку нив луѓето се организираат, дебатираат и сугерираат идеи за решавање на заедничките проблеми. Затоа тие имаат посебно место во нашата програма. Ветувам инфраструктурно, комунално и сообраќајно уредување на месните заедници, со цел повторно да ги заживееме.“-рече Кондовски.

Вети и обнова на коловозот и поставување на доволно физички пречки за смирување на сообраќајот во зоните со училишта и зоните за домување. Патна инфраструктура, спортски терени, игралишта, атмосферска и фекална канализација во дел од руралните средини каде тие недостигаат, како и уредување на зелени површини и простори за рекреација, забавни детски паркови и мини детски игралишта како места за социјализација и забава на младите, но и на возрасните.

„На овој начин за сите граѓани поеднакво ќе обезбедиме подобрување на условите за живеење, зголемување на безбедноста во сообраќајот -за децата и сите останати, подобрување на сообраќајната култура и заштита на животната средина. Најдоброто за Битола и битолчани ќе стаса во секоја микро средина, затоа што Битола е секој човек, Битола е секое населено место.“-рече Кондовски.

Додаде и дека на реализација на предвидените проекти ќе се работи во текот на целиот мандат, со годишен буџет од 500.000 евра, а во соработка со месните заедници и јавните претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

57 санкционирани возачи на територија на СВР Битола

M T

64 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

M T

24 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Битола

M T

Прегазен 55-годишен битолчанец, починал на лице место

M T

57 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

M T

71 санкционирани возачи што возеле пребрзо на територија на СВР Битола

M T