8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Eлезовиќ: Премногу време изгубивме, премногу шанси пропуштивме, време е за Најдоброто за Тетово

Општина Тетово во иднина ја гледам како развиена и модерна општина, во која секој граѓанин ќе може да добие почист воздух, почиста околина, повеќе зеленило, уредени улици и тротоари и поквалитетен живот, истакна кандидатот за градоначалник на општина Тетово на СДСМ и Коалицијата Хамдија Елезовиќ.

Тој за својот мандат го понуди НАЈДОБРОТО ЗА ТЕТОВО и тоа изградба на регионална депонија, стандардизирање на депонијата Русино, дислокација на постојната претоварна станица и набавка на преса и ротопреса, чистота на јавните површини.

Изградба на објект за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, е на врвот на нашата агенда, рече Елезовиќ, најавувајќи и тетовско шеталиште, со уреден јавен живот и зелени површини со подигање на парк со патеки и други содржини од населбата Деребој до Тетовското Бањиче, но и стимулирање на отварање на продавници, пекраници, занаетчиски дуќани, кафеани, кујунџии, вајари и други бизниси, чија дејност е типичен белег на Тетово.

Мораме, независно од етничката, религиската, социјалната и политичката припадност, да покажеме дека сме обединети, за Најдоброто за наше Тетово, нагласи Елезовиќ.

Премногу време изгубивме, премногу шанси пропуштивме, премногу дозволивме да се играат со нашите животи. Нашата сегашност и нашата иднина, нашата среќа и нашата перспектива зависат само од нас. Ние можеме и мораме да ги промениме работите на подобро. Знаеме како. Сакаме да живееме овде и својата среќа да ја градиме тука, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Хамдија Елезовиќ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК