22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Градот ќе банкротира со бесплатен јавен превоз

Колку би чинел функционален бесплатен јавен превоз во Скопје? – е прашање на кое воопшто не одговараат тие што ја заговараат идејата за бесплатен јавен превоз.

Од ЈСП велат дека велат според грубата пресметка, јавниот превоз во Скопје ги имал следниве месечни трошоци, ако како репер ја земеме непандемиската 2019 година:

За гориво околу 600 илјади евра, за плати 1 милион евра, 400 илјади евра за приватни превозници, и 300 илјади евра за оддржување. Просечниот приход бил 750 илјади евра од продажба на билети. Значи, за 2019 година вкупните месечни трошоци биле околу 2.3 милиони евра, а вкупните годишни трошоци биле над 27 милиони евра, додека вкупните годишни приходи од продажба билети биле околу 9 милиони евра.

Експерти кои се упатени во проблематиката со јавниот превоз, укажуваат дека воведувањето на бесплатниот јавен превоз или комплетно ќе го блокира јавниот превоз или ќе го банкротира градот Скопје.

За да се воведе функционален јавен превоз треба најмалку двојно, или тројно да се зголемат бројот на автобуси, вработени, и месечни трошоци. Имено, ако не се зголемат постојните капацитети, автобусите би биле преполни, би се полнеле уште на првите станици и бесплатниот јавен превоз би бил сосема нефункционален.

Ако се пресмета цената на чинење на новите автобуси кои мора да се набават (автобуската флота треба барем двојно да се зголеми), ако на тоа се додадат двојно поголемите месечни трошоци за гориво, плати, и одржување, и ако се намалат приходите од продажба на билети, тогаш доаѓаме до неверојатна сума од над 100 милиони евра само во првата година на воведување на бесплатниот јавен превоз. Ако се додадат и исплатите за разните кредити на ЈСП, трошоците се над 30 милиони евра годишно!

Практично, бесплатниот превоз во Скопје е утописка желба на кандидати кои воопшто не се упатени во проблематиката на јавниот скопски превоз, укажуваат познавачите. Ако се воведе бесплатен јавен превоз, со нови автобуси, со нови автобуски линии, и без билети, за да биде функционален, градот Скопје ќе банкротира уште во првата година. Ако се воведе пак бесплатен јавен превоз без зголемување на капацитетите, јавниот превоз ќе биде нефункционален и комплетно блокиран во поголем дел од денот, а градот Скопје ем ќе нема добар јавен превоз, ем ќе банкротира за еден мандат.