5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Заев: СДСМ ќе победи во најголемиот дел од општините, а посакувам во Скопје да е во прв круг!

Кејот, Универзалната сала и другите проекти на Шилегов го вратија Скопје во современост. БРТ системот за сообраќај градот го проектира во идината, откако тој беше држен во лажен барок и стиропор, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за советници за Град Скопје. Тој кажа дека Шилегов со својот тим воспоставил нови стандарди и одржал лекции како се сака својот град.

-Упорноста, храброста, визијата на Петре се причината што Скопје денеска има модерен лик и правец кон иднината. Тоа е Петре – одлучен и бескомпромисен кога станува збор за неговите сограѓани, тој е вистински татко на градот. Сега е јасно зошто Петре е фаворит. Во него граѓаните препознаваат посветен градоначалник, истакна Заев.

Тој порача на овие локални избори  по вторпат Скопје во прв круг да избере свој градоначалник.

-СДСМ ќе победи во најголемиот дел од општините, а во Скопје навистина нема избор, освен Најдоброто.

Спонзорирано: