Северна Македонија е посочена како светол пример кој останатите држави е пожелно да го следат во истражувањето за „Отвореноста на извршната власт“ во регионот, во кое предмет на анализа беа Србија, Северна Македонија, Црна Гора и БиХ, на Конференцијата што денеска се одржа во Подгорица, по повод светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Според извештајот Северна Македонија освои рекордни 83,43% од поставените критериуми во доменот на транспарентноста. Зад неа е Србија со 74,9%, потоа следи Црна Гора со 59,5 и на крајот е БиХ со освоени 47,7% од максималниот број можни поени.
Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE) , подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Истражувањето и проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот.
Најдобри резултати постигнуваат министерствата во Северна Македонија со 62% и како прва земја во регионот што создаде ваква политика (Стратегија за транспарентност), Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани.
Пристапноста е вториот најсилен столб според вкупните резултати на институциите на извршната власт со 51,06% процент на исполнетост. Македонскиот Закон за слободен пристап до информации со јавен карактер е рангиран на 23-то место од 129 земји што се набљудувани според рејтингот за глобалното право за информации.53 Како таков, тој обезбедува солидна основа за гарантирање и заштита на правото на информации, и проактивно и реактивно, што исто така е позитивно оценето од Индексот на отвореност, се вели во извештајот.
Исто така заклучокот е дека вложени се значителни напори за подобрување на процесот на стратешко планирање и систематско следење и евалуација преку воспоставување рамка за политики што го води процесот.
Органите на управата се оценети со 40,57%, додека македонското Собрание е оценето со 68,15% од поставените критериуми.
Според методологијата на испитувањето, регионалниот индекс на отвореност го мери ефектот на извршната власт и на парламентот, почитување на принципот на добро управување, и тоа врз четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефект.
Како прва земја во регионот што создаде ваква политика (Стратегија за транспарентност), Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани. Во ноември 2019 година, Владата ја усвои Стратегијата за транспарентност (2019-2021) која се стреми да го подобри пристапот до информации, да биде проактивен, исто така, се обидува да ги надгради претходно дефинираните политики, како политиката за 21 документ која ги обврзува сите министерства да објавуваат сет документи на нивните веб-страници како средство за отчетност и транспарентност пред јавноста, се наведува во истражувањето „Отвореноста на извршната власт“.
Пристапноста е вториот најсилен столб според вкупните резултати на институциите на извршната власт со 51,06% процент на исполнетост. Македонскиот Закон за слободен пристап до информации со јавен карактер е рангиран на 23. место од 129 земји што се набљудувани според рејтингот за глобалното право за информации. Како таков, тој обезбедува солидна основа за гарантирање и заштита на правото на информации, и проактивно и реактивно, што исто така е позитивно оценето од Индексот на отвореност.
Методологијата е развиена со консултации на голем број кредибилни извори од меѓународната пракса и од стандардите на управување.