22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Со ништо не сме придонеле да провоцираме било какво непријателство или нефер однос кон Бугарија

„Со ништо не сме придонеле да провоцираме било какво непријателство или нефер однос кон Бугарија. Сметам дека пријателството беше искрено кога го потпишавме договорот во 2017, па и во следните години“ кажа премиерот Зоран Заев во гостувањето на „24 анлиза“.

Тој додаде дека сепак односот се сменил поради политичкиот притисок и тензичната политичка сцена во Бугарија.

„Не очекуваме дека ќе се смени нешто во октомври, бидејќи Бугарија се уште нема политичка влада.Дури и претседателот Радев оди на избори, но тоа не значи дека треба да престанеме да комуницираме“ кажа Заев.

Тој додаде дека постојат луѓе, поединци кои настапувале со скриени агенди кон земјава, но изјави дека е среќен што бугарското МНР ги осуди територијалните претензии на бугарскиот европратеник во предизборната кампања.

„Тоа што сакам да го потенцирам е дека доминантно бугарскиот народ сака да биде пријател со македонскиот народ. Знаат дека тоа е добро и за Бугарија. Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни“ истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

СДСМ: Мицкоски ќе биде запаметен по тоа што ги рушеше националните позиции во однос на Бугарија

M T

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

M T

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

M T

Лукаревска: Квалитетно и прецизно ќе ги решаваме отворените прашања со Бугарија

M T

Маричиќ: Добро е партиите да се на иста страна и активно да учествуваат во процесот со Бугарија

M T