Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Спасовски со рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин

На 23.09.2021 година во 11:00 часот во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со придружна делегација.

На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓусебната билатерална соработка, при што од руската страна се заблагодарија за пружената поддршка при организацијата на изборите и пружањето на можноста руските државјани во нашата земја да го остварат своето право на глас.

Истовремено, Амбасадорот посочи дека персоналот на Амбасадата на Руската Федерација целосно се придржува до законите и прописите во нашата земја и ќе продолжи со истото и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК