Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полициски претрес во куќа во Гевгелија, каде што се растурал и користел хероин

Вчера (22.09.2021) полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија. При претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а бил пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.

Поради основи за сомневање за сторено кривично дело по чл. 215 и 216 од КЗ, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +