Centar.mk
БИЗНИСвест

СДСМ: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

Од владејачкиот СДСМ информираат дека изминатите денови се исплатени субвенции во висина од 230,1 милион денари за 4.846 земјоделски субјекти.

На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети, исплатени им се 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм, додаваат од оваа партија.

„Сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети добија средства на сметките. 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени за оваа мерки. Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почетокот на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи. На сметките на 656 мали земјоделски стопанства легнаа над 14 милиони денари, додека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, согласно динамиката на исплатата“, потенцираат од СДСМ.

Додаваат дека развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува еден од нивните врвни приоритети.

Можеби ќе ве интересира

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

ДЕСК

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

ДЕСК

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“ со заедничка волонтерска активност на повеќе од 100 присутни, донација и панел-дискусија

ДЕСК