Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

178 сообраќајни прекршоци во Скопје, 94 за брзо возење

По засилените акциски контроли од страна на МВР, вчера на територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 178 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени биле 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 17 за непрописно паркирање.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК