Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Умерено облачно со сончеви периоди

Претпладне ќе имаме променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК