Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

310 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК