Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Црн ден: Во денешната статистика на МЗ внесени починати 41 лице, најмладите по 18 и 23 години – троцифрен број на новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи
на КОВИД-19:

Скопје – 274, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Куманово – 19, Струмица и Ресен – по 8, Кавадрци – 6, Прилеп и Битола – по 5, Кичево – 4, Штип – 3, Велес, Тетово и Гостивар – по 2, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г)
Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

Направени се 5.589 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-74, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-326, Биотек-378, Систина-89, лабораторија Лаор-375, Синлаб-41, Ремедика-14, Плодност–82, Генеа-21, Никоб лаб-657, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-140, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.451.

Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК