10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Детална временска прогноза: До кога ќе врне?

Денес ќе биде нестабилно и особено во северните и западните делови со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 60 км/час).

Во северните делови ќе биде и значително посвежо.

Услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи ќе има утре претежно во планинските региони. Од понеделник ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Прогноза за 20.09.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 21.09.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд на југозападот. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 22.09.2021
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 31°C
Умерено облачно, од попладневните часови и потоа во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.