13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас: Го нападнала својот осумгодишен син и го терала да питачи

На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица“ во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи.

Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.