Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Град Скопје ги чека нов пораз па затоа секојдневно измислуваат и манипулираат

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски:

Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Град Скопје ги чека нов пораз па затоа секојдневно измислуваат и манипулираат

ВМРО-ДПМНЕ ги засилува лажни вести против Петре Шилегов онака како што се наближува датумот за избори и извесниот пораз што оваа партија ќе го доживее во главниот град.

ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди ништо конкретно па затоа мора секојдневно да лаже и да манипулира измислувајќи нови конструкции.

27 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Скопје, напротив,го уништуваше градот за лични и бизнис интереси на поединци а најеклатантен пример за тоа е проектот Скопје 2014.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што градот се отвора и развива рамномерно, не може да се помири што на 17 октомври им следува нов убедлив пораз па затоа постојано мора да шират лажни вести, невистини и неосновани напади.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +