Centar.mk
БИЗНИС

Постигнат договор со винариите: 10 денари за Смедервка и 12 денари за Вранец

Денеска, во просториите на МЗШВ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со претсатвници на винариските визби.
После дваипол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за Смедервка да изнесува 10 денари и 12 денари за Вранец. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите.

Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва.

Истотака, министерот Хоџа го реафирмираше ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.

Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини.
Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК