Centar.mk
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИС

Најлонските кеси од 1 декември ќе чинат по 15 денари

Повеќе закони повзани со управувањето со отпад и неговот пакување се усвоени на денешната собраниска седница, а меѓу усвоените одредби е и драстичното поскапување на најлонските кеси во маркетите и продавниците, објави Мета.

Од 1 декември годинава, пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.

Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени. И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието на РСМ го одолговлечи нивното донесување, пишува Мета.

Можеби ќе ве интересира

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

ДЕСК

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

ДЕСК

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

ДЕСК