16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Зијадин Села не одговори зошто коалицира со Мицкоски по тоа што му се случи на 27 април – ја обвини новинарката дека прашањето и било нарачано од Артан Груби!

Во гостувањето на Телевизија 24, во емисијата „24 анализа“, новинарката Душица Мрѓа му го постави следното прашање на политичарот Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците:

„Како на вашите поддржувачи и симпатизери – што кога ќе се спомене Зијадин Села, првата асоцијација е вашето крваво лице, во бесознание, на подот во собранието на 27 април, и сите оние пораки што доаѓаа после тоа – ќе им порачате да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, на 17 октомври? Бидејќи, нели, не сте човек кој што би направил се за власт? Христијан Мицкоски не беше во собранието, меѓутоа беше пред собранието како дел од протестите на „Заедничка Македонија“.

Зијадин Села и возврати со прашање: „Ова прашање ви е од Артан Груби или од кого, бидејќи иста изјава имаше и тој…“

Новинарката неколку пати му укажа на Зијадин Села дека била навредена со таквата реплика и побара од него да и се извини: „Не можете да квалификувате новинари… Не ви дава никој за право на новинар да му кажете дека некој политичар му нарачал прашање…“, укажа Душица Мрѓа.

Спонзорирано: