Centar.mk
ЛОКАЛНО

В среда ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека на 15.9.2021 година (среда) ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје.

Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.9.2021 година (среда) и на 16.9.2021 година (четврток) во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.9.2021 година (среда) до 19.9.2021 година (недела), во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, велат од Град Скопје.

Истовремено, ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта

C +

Ученици од “Кочо Рацин” во посета на локалната самоуправа

ДЕСК

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК