Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Кај 80 годишен тетовец пронајден хероин, кога полицијата му направила претрес во куќата нашла уште 197 куршуми од различен калибар

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (9 септември) околу 12 часот и 30 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, го лишиле од слобода С.Б.(80) од Тетово. При негов преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, реализиран со судска наредба, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар.

По целосно документирање на случајот на С.Б. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Со соодветен поднесок денеска (10 септември) С.Б. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК