Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рама: Братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија

Од регионот пристигнуваат изрази на сочувство по трагичниот настан во тетовската болница, каде животот го изгубија 14 луѓе.

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Фејсбук објави фотографија со црна лента, во знак на почит кон жртвите од пожарот. Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

„ Придружувајќи се кон сите вас во искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово, како и во братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија, ви посакувам мирен ден вам и на вашите семејства“ напиша Рама на Фејсбук.

Претходно, сочувство упати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДНАТА ПЕНЗИОНЕРКА: 79-годишна жена физички нападната на влез во пазар

ДЕСК

ТЕШКА ВЕЧЕРНА СООБРАЌАЈКА: Полицијата изврши увид по несреќата во Куманово

ДЕСК

СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Мотоциклистот поминал со тешки телесни повреди

ДЕСК