Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царовска во Кочани: Најдобро е кога од наставниците ќе се слушне дека реформите се успешни и се тече според планот

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот Николчо Илијев, вчера попладнето ги посетија основното училиште ,,Никола Карев’’ и средното општинско училиште ,,Гошо Викентиев’’ во Општина Кочани.
Царовска во училиштата разговараше со наставниот кадар за спроведувањето на наставата и за имплементацијата на реформските процеси во прво и четврто одделение.

,,Нема подобар начин од тоа кога лично од самите наставници ќе се слушне за новата концепција за настава, пофалбите за материјалите за учење и снабденоста на училиштата со нови нагледни средства, дидактика и таблети. Наставниците веќе се прилагодија на новите наставни програми, за што претходно ги поминаа сите потребни обуки, но и на враќањето на учениците во училишните клупи, што е на огромна радост на сите нас”, рече Царовска.

Според податоците кои МОН ги добива од училиштата, имплементацијата на реформата тече во најдобар ред и според предвидената динамика, во сите основни училишта во државата. Исто така, наставата се одвива со физичко присуство и за основците и за средношколците со доследно почитување на планот и протоколите и засега нема трансмисија на вирусот во училиштата, додека процентот на активни случаи кај учениците и кај наставниците е 0,02.

Со цел училиштата да останат безбедни и отворени за настава со физичко присуство апелираме на строго почитување на заштитните мерки како што се задолжително носење на заштитни маски на затворено, честа дезинфекција на рацете, и одржување на хигиена во училниците и другите училишни простории.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК