Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз на локалните избори заедно со СДСМ

Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана на 7 септември, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ, соопштија од оваа партија.

„Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ. Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани од новите градоначалници и совети на општините и градот Скопје“, е наведено во соопштението од Демократскиот сојуз.

Како дел од приоритетите ги посочуваат борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи итн.

„Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила“, е напишано во известувањето од партијата.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Малолетник нападнат по игра со водено балонче фрлено врз мотоциклист – потоа нападнатиот се обидел и да прегази друг малолетник

ДЕСК

Серија апсења низ Скопје – шест лица завршија со лисици на рацете, меѓу приведените и малолетници

ДЕСК

ПУКАЊЕ ВО ДЕЛОГОЖДА: Пронајден пиштол и муниција при претрес

ДЕСК