Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка на крстосница кај Скопје – Тешко повредени две лица

На 07.09.2021 во 15.10 часот на крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за с.Мирковци и локален пат за с.Бразда се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(34) од с.Мирковци,скопско и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од Скопје.

По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +