Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Расчистени тешки кражби во Гостивар, крадецот е приведен

Полициски службеници од СВР Тетово расчистија шест тешки кражби во Гостивар и го приведоа 25-годишниот А.О. од долнореканското село Видуше.Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места. Дваесет и петгодишниот видушанец приведен е во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик , а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба”.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК