Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неофицијално: Над 13 жртви во пожарот во тетовската модуларна болница

Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница неофицијално има над 13 жртви, дознава Пресс24.

Информацијата дека има жртви ја потврди и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакаше да изнесува бројки. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.

Тој потенцираше дека пожарот бил пријавен во 21:00 часот, за половина час целосно го ставиле под контрола и покрај тоа што објектот бил цел изграден од пластика и огнот многу брзо се ширел. До 21:45 целосно го ликвидирале пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Починат вработен во Бригадата за противпожарна заштита во Скопје

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ, ПРИВЕДУВАЊА И АПСЕЊА ВО ВЕЛЕС, СТРУМИЦА, СКОПЈЕ, КИЧЕВО: Најмалку десет приведени на различни локации низ Македонија

ДЕСК

Комисијата за стручен надзор за случајот на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

ДЕСК