Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Алсат: Во пожарот во модуларната болница во Тетово има жртви и од пациентите и од медицинскиот персонал

Според извори на Алсат, во пожарот во модуларната болница во Тетово има извештаи за жртви, како од пациентите така и од медицинскиот персонал.

Модуларната болница целосно изгоре, а пожарот се уште е активен во дел од зградата. Се очекува во секој момент изјава од властите за билансот на жртвите.

Инаку министерот за здравство Венко Филипче веќе е на пат за Тетово. Прва изјава даде Теута Арифи, градоначалничка на Тетово, која соопшти дека пожарот многу брзо се проширил.

Неофицијално пожарот започнал во 21 часот.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК