Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Showbiz

Оригинален напад на MONSTERS — Давид Мукка го претстави својот нов музички албум

Скопје, 06.09.2021 – Поради некоја причина, кога се помислува на музиката на David Mukka, невозможно е да се избегне чувството на оригиналната енергија и колективното искуство, кои што таа со себе ги носи.

По кратка пауза од своето претходно музичко творештво со Project Orpheus, Давид Мукка (David Mukka), одлучува да биде соло артист. Преку идејата да го земе сѐ она што не умее да го искаже преку зборови, а може да го преведе преку музика, произлегува и овој возбудлив, еклектичен звук.

Целејќи да создаде една сосема нова приказна, тој започнува да креира уникатен музички албум во живописната зима на 2019та година, — и од тогаш е неуморно опседнат со звукот и сензибилитетот, кои што овој нов стил возбудливо ги отсликува.

Сега, по веќе две години на трансформација и креација, Давид го издава својот нов албум на англиски јазик, насловен како MONSTERS.

„Албумот Монстерс / (Monsters), — чија изработка е реализирана во шест различни студија во регионот и за чија што изработка беа потребни повеќе од 500 студиски часови, екипа од 20 членови и 24-член мешан хор, како и 12-член детски хор, — конечно сум сигурен дека го имам создадено материјалот, кој што го имав замислено. Станува збор за навистина посебен албум, исполнет со сликовита музика и емоции, на една бина, чии што завеси секој пат се отвораат со чест и возбуда,“ изјави Давид Мукка.

Новиот албум го сочинуваат 10 оригинални песни, кои што заеднички, но и засебно, го отсликуваат единствениот музички пристап на Давид, кој што е евидентен и преточен во овој нов албум: (1) Gods & Demons; (2) Above It All; (3) Wolves; (4) When You Move; (5) One Night; (6) Dropout; (7) Dirty State of Mind; (8) Stuck Inside; (9) War; (10) End of You.

Албумот Monsters е достапен за јавноста и за сите љубители на еклектичниот и трансформативен музички стил на Мукка, на неговите официјални канали на YouTube: https://youtube.com/playlist?list=OLAK5uy_ngo5j6PxaARLFX3t4fszqQdG13D8ah19k, како и на Spotify: https://open.spotify.com/album/7FMKP53PekS9voE7FAqvi0.