Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апликацијата за попишување надвор од функција неколку сати во текот на вториот ден од попишувањето

Соопштение:

Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии.

Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

Можеби ќе ве интересира

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК

Украден автомобил среде Битола

ДЕСК