14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август, продолжуваат засилените контроли

Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Им благодарам на мнозинството граѓани кои ни се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Им благодарам и на полициските службеници, кои на пеколни горештини и температури над 40 степени секојдневно даваа придонес за побезбедни патишта. Благодарност и до РСБСП, со кој заеднички ги организираме превентивните активности. Во август оваа година имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

„Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Синоќа санкционирани се и 86 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“, рече Ангеловски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

M T

Страшно предвидување: Во случај на НУКЛЕАРНА ВОЈНА, две третини од човечката популација ќе бидат избришани од лицето на Земјата

M T

Над 500 жртви во Шпанија поради топлотниот бран

M T

Стејт департмент: 25 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе во светот

M T

Авион со 133 луѓе се урна во Кина, бројот на жртви се уште не е познат

M T

Расте бројот на жртвите во поплавите во Австралија – Бурата се движи кон центарот на Сиднеј

M T