Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ништо не го сокрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот, Владата, институциите градат ефикасен, независен и професионален судски систем

Реакција од СДСМ на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

Ништо не го сокрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот, Владата инситуциите градат ефикасен, независен и професионален судски систем

ВМРО-ДПМНЕ, партијата на браникот на криминалот нема кредибилитет да зборува за закони и правда.

Спрегата со криминалците е заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ и како власт, но и како опозиција по сите обиди на Христијан Мицкоски и врвот на партијата да ги заштитат криминалците.

Во овие четири години Владата предводена од СДСМ гради силен независен и професионален судски систем кој испорачува неселективна правда.

ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што законот важи за сите подеднакво, што јавноста сведочи на пресуди и санкции кон лица за кои со години се веруваше дека се над законите.

Ниту една конструкција, ниту една измислици, ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот, а СДСМ е посветена на обезбедување правда за сите.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК