28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Галичица

Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица” кој е активен на непристапен потег. Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух.

Денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид.

Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од утре 06.09.2021 година од 6 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од. неексплодирани гранати.

Екипата ќе биде составена од претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и Службата за спасување на планина од охридскиот Црвен крст. Се разгледува можноста да бидар вклучени и доброволци, доколку е тоа потребно.

Инаку Општина Охрид на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух и беше во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК