24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Попишувачи има, обуките завршуваат, после 20 години спроведуваме попис

„Попишувачите се обезбедени, а Државниот завод за статистика ги прави последните подготовки“, уверува министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на ТВ21. Министерот вели дека во моментов и обуките на попишувачите се при крај, а здравствените протоколи се одамна заклучени, па сега останува после дваесет години државата во недела да започне да го спроведува пописот.

– Најголемиот дел од попишувачите се самопријавени на огласот, но ограничувачки фактор беше тоа што тие мораа да бидат невработени, а многу малку беа заинтересирани на самиот почеток. Имавме подолготрајна кампања, па дојдовме до бројката од над пет илјади попишувачи, а онаму кадешто недостасуваа, покриваме со лица ангажирани на договор на дело, бидејќи тие не се во редовен работен однос и нив не им тече стаж, изјави Маричиќ.

Според него такви се неколку стотици попишувачи, голем дел од нив биле и од Управата за водење матични книги, кои и онака работат со лични податоци.

Маричиќ апелира сите да земат учество во пописот, бидејќи, како што вели, државата податоците веќе ги има, но тие треба да се потврдат и дополнат.