Centar.mk
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Два концерти во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Албанија

Во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, Република Албанија, во текот на септeмври ќе бидат реализирани две музички претставувања.

На 7 септември, во Тирана ќе се претстави македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“ предводено од виолинистката Ирена Стојановска, која е професионален музичар во оркестарот при Националната опера и балет. Настапот ќе биде од отворен карактер, а триото ќе изведе репертоар од класична и танго музика. Концертот е хуманитарен, а донациите ќе бидат подарени на Центарот за деца со Даунов синдром во Тирана.

На 18 септември во Поградец, предвиден е концерт на македонскиот џез-квартет „Чупа“ (Chupa). Концертот е во рамките на 10-то јубилејно издание на реномираниот Тирана џез-фестивал, кој од 10 септември до 10 октомври ќе се реализира во неколку градови во Албанија. Во џез квартетот „Чупа“ членуваат еминентите македонски џез- музичари: Оливер Јосифовски на контрабас, Славчо Коцев на тапани, Кирил Кузмановски на саксофон и флејта и Филип Димишковски на клавијатури.

Директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански информира за засилени активности во следниот период, како и за подготовка на изложба за Мајка Тереза.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК