Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Татко, мајка и ќерка починале од Ковид-19 во својот дом во Тетово

Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.

Тие не биле на преглед во ковид центарот и починале дома.

Според лекари од тетовската болница, генетскиот фактор и хронични болести се факторите за ковид смртни случаи во цели семејства како тетовското.

Тетово изминатиот период е вистинско жариште на коронавирус со околу 2000 активни случаи, а од регионот починаа и многу млади лица, како девојчето на возраст од 15 години пред два дена.

Сега во ковид – центарот има 108 хоспитализирани од кои 106 на кислородна поддршка и двајца на неинванзивен респиратор. Новопримени се 14 лица, а испишани од болничеко лекување се десет луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

ДЕСК

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК