Денес ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) поради што температурите ќе бидат пониски за неколку степени во однос на вчерашните.
Утре и во сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.
Прогноза за 04.09.2021
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе има краткотраен локален дожд. УВ=7
Прогноза за 05.09.2021
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 19°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места пообилен проследен со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=5
Прогноза за 06.09.2021
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 19°C до 29°C
Променливо облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=6