Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

НУРЕДИНИ: Започнуваат градежните за обезбедување на систем за одведување на комунални отпадни води во општина Боговиње

По денешниот увид во градежните работи во Гостивар, Министерот Нуредини придружен од Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерот за економија Крешник Бектеши, извршија увид во градежните активности за канализациона мрежа во општина Боговиње.

“Со овој проект ќе се обезбеди систем за одведување на комунални отпадни води за населено место Камењане и Боговиње, и истиот е проектиран како трогодишна активност со обезбедени средства од околу 266 милиони денари од буџетот на Министерство за животна средина и просторно планирање“, изјави Министерот. Во населеното место Камењане канализационата мрежа ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км. Вредноста на овој дел од проектот околу 123 милиони денари, додека во населено место Боговиње ќе опфати 85 крака со вкупна должина од 28 км, а вредноста на овој дел од проектот е околу 143 милиони денари.

МЖСПП континуирано ја подржува опптината со капитални инвестиции и обезбедување на финансиски средства. Од 2019 година, покрај овогодишниот проект, од програмите на МЖСПП е финансирана подготовка на документација и изградба на водовод во село Пирок во износ од околу 3 милиони денари, набавка на садници и други дрва во вредност од околу 1 милион денари, проект за транспорт и монтажа и монтажа на фекални канализациони цевки во село Жеровјане во износ од околу 6 милиони денари.

“Нашите заложби за здраво опкружување и здрав живот за сите граѓани нема да заврши тука, продолжуваме со спроведување на проекти од областа на животната средина во сите општини во државата”, рече на крај Министерот Нуредини.

Можеби ќе ве интересира

Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

M T

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

M T

НУРЕДИНИ: Усвоен Предлог – Законот за Студенчишко Блато, се исполнува препораката на УНЕСКО

M T

Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини ќе одржи прес-конференција во врска со отворањето на понудите од тендерот за доделување на концесија за водата на Црна Река

M T

Нуредини: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните заштитени подрачја

M T

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

M T