Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев: Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев по повод Денот на независноста, 8-ми септември:

Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат.

Ако сме сите посветени на исти, стратешки цели за нашата држава, за сите наши граѓани, тогаш ќе имаме поблиска соработка и нема да има толку длабоки делби меѓу нас.

Тој избор да го направиме со љубов и со верба за иднината на нашата земја.

Да продолжиме заедно да ја градиме нашата земја како едно и еднакво општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање, затоа што само заедничката среќа е среќа.

Да се грижиме и за среќата на секој граѓанин.

Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа.

Нека ни е честит големиот јубилеј – 30 години независна и суверена Република Северна Македонија!

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК