Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од утре повеќе автобуси ќе сообраќаат низ Скопје поради почетокот на учебната година

Поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на патници, од утре во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси.

Како што информираат од ЈСП, автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци. Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.

Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

И натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК