Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: На први септември започнуваме процес на реформирање на образованието, училиштата се подготвени

Образованието е тема која не треба да се партизира. Наставните планови и програми се објавени месец април, учебниците се подговтвени и се поврзани со програмите и сето тоа е доставено до училиштата. Нема потреба од страв. Морам да потенцирам дека настава и учебници ќе има, изјави министерката Царовска во гостувањето на Јавниот сервис.

– Сите училишта се подготвени за реализација на наставата согласно новите програм, наставниците се обучени, имаат набавено е дидактика, секој според можностите и потребите, некои имале набавено од порано. Набавени се 10 000 таблети од страна на МОН. Сега почнува процесот, ништо не завршува денеска или на 1 септември, напротив, процесот на реформирање на основното образование и градење на национален модел на образование кој ќе даде ефект, стартува сега и секако тој ќе има предизвици , но чекор по чекор ќе ги надминуваме се до конечната цел, квалитет, рече Царовска.

Дигиталните учебници, додаде Царовска, се поставени на он лајн верзијата, но офлајн верзијата ќе биде достапна на 1 септември.
– Техничките лица ќе добијат инструкции во текот на утрешниот ден по што следува нивно симнување на таблетите со инструкции за родителите. Како и сите учебници и овие учебници се даваат на влез во училиште, додаде Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +