Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамник од Кочани во седум наврати искористил туѓи податоци за да аплицира за брзи кредити

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 26-годишник со иницијали Д.Ѓ.(26) од овој град поради сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на лични податоци и измама.

Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 3 март до 2 април 2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва.

Потоа, го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125.453 денари.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК