22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шилегов: Пред 3 години Ибни Пајко беше нелегално паркиралиште, а покривот на ГТЦ беше прогласен за „топлотен остров“

Во интервју за порталот Скопјеинфо, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше запрашан за промените од аспект на зеленилото, животната средина и урбаното живеење.

– Паркот Ибни Пајко, кој сега се простира на површина од 11 илјади метри квадратни, пред само 3 години беше нелегално паркиралиште. Покривот на ГТЦ беше прогласен за т.н. топлотен остров во студија на УНДП, пред да стане прекрасен зелен покрив полн со луѓе. Плочникот пред ГТЦ на секој поголем дожд се полнеше со вода, сега таму има прекрасни дрвореди на јапонски јавор, посочи градоначалникот Шилегов.
– Ослободени се тротоарите од паркирани возила, обновено е булеварското зеленило. Редизајнирани се повеќе јавни простори и претворени во нови урбани скверови со повеќе зеленило. Две години по ред ЈП Паркови и зеленило го руши сопствениот рекорд на озеленети површини на годишно ниво, минатата година надмина 115.000 метри квадратни. Скопје ги доби и првите 2 памптрак полигони, додаде Шилегов.

– Ги реконструиравме мостовите, а во тек е реконструкција на патеките во градскиот парк. Цели 3 години веќе нема гужви од паркирани возила на Водно, има повеќе простор за спорт и рекреација, има нова Пионерска апхил велосипедска патека од Кочо Рацин до Средно Водно, прва од вкупно 3 предвидени во проектот „Велосипедски парк Водно“, нагласи Шилегов.