Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дури и кадрите на Груевски не сакаат да бидат официјални кандидати на ВМРО ДПМНЕ, Арсовска е избрана да го понесе поразот во Скопје

Реакција од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ:

Дури и кадрите на Груевски не сакаат да бидат официјални кандидати на ВМРО ДПМНЕ, Арсовска е избрана да го понесе поразот во Скопје

Независната кандидатура на Даниела Арсовска, кадарот на бегалецот Никола Груевски, е уште една потврда дека и во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека на претстојните локални избори ги чека уште еден пораз.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја избра почесниот конзул на Унгарија и поранешен партиски донатор да се жртвува во кампањата за градоначалник на Скопје.

Таа е избрана само да го понесе поразот во Скопје.

Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе се обиде да глуми наводна независност, ама со потписите на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ.

Како и да ги пакува партиските кандидати Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги прелаже со веќе видени трикови.

После 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ не проаѓа глумењето кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.

Јасно е, Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите!

Можеби ќе ве интересира

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК