Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Максим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

Оваа информација, Димитриевски ја потврди за „Фокус“, а најави и прес конференција во текот на денот, на која ќе бидат образложени причините за одлуката.

Инаку, СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ кандидат е актерот Тони Михајловски.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК