10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: После 40 години Кавадарци добива целосно нов објект – детска градинка, која ќе започне со работа до крајот на оваа година

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска денес изврши увид во изградбата на новата градинка во Кавадарци. Новата градинка во Кавадарци е од големо значење за заедницата, бидејќи ќе одговори на потребите на граѓаните за зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, вклучувајќи ги децата со попреченост, децата од семејства во социјален ризик, како и децата од ромските семејства.

Новата градинка, чија изградба започна во 2020 година, ќе згрижи 142 дечиња кои ќе добијат квалитетна услуга. Градинката се гради согласно најсовремените стандарди и ќе овозможи квалитетен престој за децата, но и реализација на концептот – учење преку игра, со што значително се подигнува и квалитетот на воспитно образованиот процес во градинката за децата од предучилишна возраст.

Изградбата на градинката во Кавадарци е реализирана согласно највисоките стандарди за енергетска ефикасност, а градинката ќе користи и обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори.

„После 40 години, Кавадарци добива целосно нов објект-детска градинка којашто е финансирана целосно од Министерството за труд и социјална политика, во склоп на проектот за подобрување на социјалните услуги, којшто пак е поддржан од Светска банка. Децата ќе бидат згрижени во 7 групи, а за овој проект се обезбедени средства во износ од 53.200.000 денари“, истакна Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Зголемен пристап до социјални услуги и нивно проширување со нова збогатена понуда е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. Преку активностите од Компонентата 2 од Проектот се зголемува пристапот до социјалните услуги за ран детски развој со посебен акцент на децата во социјален ризик, децата со посебни потреби и децата од ромски семејства.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Кавадарци, расчистени повеќе кражби

M T

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T