21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Интересни факти за кучињата кои сигурно не сте ги знаеле

Меѓународниот ден на кучето, 28 август, можеби за вашето куче ќе значи екстра бисквити, а многумина низ целиот свет ќе се сетат на омилените животни сопатници кои им помагаат на оние кои имаат потреба, но и на кучињата херои што спасиле човечки живот.

Верните пријатели на човекот се секогаш покрај својот господар, даваат безусловна љубов и внимание, а со своите палавости ги топат и најтврдите срца.

Со нивната посветеност и неодолива сладост, тие сигурно го заслужуваат својот ден во годината, и додека размислувате со каква честитка да го развеселите вашето куче, можете да се забавувате со неколку интересни факти за кучињата што можеби ги немате слушнато.

Песна на „Битлси“ има фреквенција што само кучињата можат да ја слушнат – Во интервју од 2013 година, Пол Макартни раскажа како додал фреквенција што само кучињата можат да ја слушнат во песната A Day in the Life. Почестете го вашето домашно милениче со посебно музичко уживање!

Кучиња го преживеале потонувањето на Титаник – Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник во 1912 година. Еден од нив беше померанец, кого сопственикот го завиткал во ќебе, поради што сите мислеле дека е дете. Спас најдоа уште еден померанец и пекинезер.

Чувството за мирис на една раса може да биде доказ на суд – Чувството за мирис на св. Хуберт (Bloodhound) е толку прецизен што може да се користи како доказ во судовите во некои земји. Оваа раса лесно може да го следи мирисот над 300 часа и преку 200 километри.

Највисоко куче во светот – Титулата за највисоко куче во светот влегува во шепите на германска дога (Great Dane) која реагира на името Зевс. Ова куче со импозантен изглед е високо дури 110 см!

Хртот (Greyhound) лесно би победил гепард во трка на долги патеки – Грејхаунд е несомнено најбрзата раса на кучиња. Тие се се одлични тркачи и можат да одржуваат брзина од 55 км/час km и до десет километри. Неверојатно брзиот гепард може да ја задржи својата рекордна брзина од 180-280 метри, па затоа е многу јасно дека натпреварувачот под број еден, иако нема подобар старт, сепак победува на трката на долги патеки!

30% од далматинците се глуви на едното уво – Далматинците имаат посебен ген кој е одговорен за нивното посебно шарено крзно и обично сини очи. Сепак, овој ген е исто така причина за глувост на едното уво кај 30% од далматинците и губење на слухот во двете уши кај 5% од прекрасните припадници на оваа раса. Далматинците со поголеми црни шари и имаат поголема веројатност да имаат проблеми со слухот.

Персиските хртови се најстарата раса во светот – персиските хртови (Салуки) датираат од 329 п.н.е. и имале статус на кралски миленичиња во Стариот Египет. Наводно, на југот на Ирак се пронајдени и цртежи на кучиња кои личат на персиски хрт и датираат од 700 година п.н.е.

Кучето е и најдобриот ловец – Африканското диво куче е најуспешниот ловец во светот, а пленот ќе го фати во 50-70% од случаите. Оваа статистика му обезбеди и Гинисов рекорд.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T

И кучињата можат да сонуваат: Еве како да препознаете ЛОШИ СОНИШТА кај вашето домашно милениче

M T

Бразил го потврди првиот случај на мајмунски сипаници кај куче

M T

Најдобар пријател на човекот: Ви носиме пет намирници кои се добри за неговото здравје, а кои самите ги користиме

M T

Полициско куче нападна демонстрант на протестите во Амстердам

M T

Зошто вашето куче ја наведнува главата додека зборувате – Еве што значи тоа!

M T