Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Раскол во ВМРО-ДПМНЕ Битола, општинскиот комитет распуштен, Мицкоски не зборувал со никого, партијата не може да состави листа за советници

Наближувањето на локалните избори го зголемува расколот во ВМРО-ДПМНЕ, свесни за новиот пораз кој им следува. Општинскиот комитет на опозициската партија во Битола е во целосен хаос од поделби и францкии, а претседателот Христијан Мицкоски два дена е во градот, обидувајќи се да состави листа за советници.

Мицкоски во Битола не комуницирал со никој, освен со своите најблиски соработници, а пратеничката Силвана Ангелевска и Иванчо Тошевски, поранешниот претседател и координатор се целосно оттргнати од него.

Последната информација која кружи низ градот е дека општинскиот комистет е распуштен.

Ова ја прави невозможна мисијата за составување на листа за советници за престојните избори за Битола. А дека ситуацијата е далеку од совршена во партијата и на централно ниво, говори и податокот што најголемата опозициска партија не може да извади свој кандидат за градоначалник на Скопје и општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК