Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Томан

Денеска (25.08.2021) во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Томан.

Министерот Спасовски и амбасадорот Томан на средбата изразија задоволство од досегашната одлична соработка помеѓу министерствата на двете земји. Исто така, беше разговарано за најавената посета на висока чешка делегација на нашата земја, на која, меѓу другото, ќе биде презентирана донација на возила „шкода“ од Чешката Република за потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Воедно, министерот Оливер Спасовски упати искрена благодарност на чешкиот амбасадор за безрезервната поддршка што ја Чешката Република ја дава на нашата држава и изрази уверување дека успешната соработка, со цел заштита на интересите на двете земји, ќе продолжи и во следниот период со несмалено темпо.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК