22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Меморандум за соработка и јакнење на финансиската стабилност меѓу банкарскиот и осигурителниот сектор

Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) склучија нов меморандум, кој ќе придонесе за зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу двете институции на повеќе нивоа, а со тоа и кон натамошно јакнење на финансиската стабилност. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.

Унапредувањето на соработката помеѓу Народната банка и АСО е од големо значење, имајќи ја предвид и интензивираната соработка меѓу банкарскиот и осигурителниот сектор, пред сѐ преку поврзување на банкарските и осигурителните производи. Продлабочената соработка меѓу двата сектора на финансискиот систем е фактор за поблиска координација и содејствување на двете институции заради подобро управување и справување со можните ризици и одржување на стабилноста на финансискиот сектор.

Меморандумот содржи три групи активности за кои двете институции ќе се координираат и заедно ќе делуваат: соработка при изработка на регулативата, размена на податоци и информации и можност за спроведување заеднички контроли доколку се оцени потреба од нив.

Поконкретно, како што информираат надлежните со Меморандумот се предвидува и соработка помеѓу двете институции при изработка на подзаконските акти коишто се однесуваат на субјектите кои се од заеднички интерес. Предвидено е да се разменуваат мислења за нацрт-актите, како и формирање заеднички работни групи составени од претставници на Народната банка и АСО.

Согласно со документот, ќе се зголеми и опфатот на податоци и информации коишто ќе ги разменуваат двете институции за потребите на анализите на финансиската стабилност, како и во доменот на микропрудентиот надзор. Исто така, се задржува континуитетот на размена на податоци за статистички цели.

Со одредбите од Меморандумот попрецизно се предвидува можност за организирање заеднички контроли во однос на субјектите што се од заеднички интерес, што е дополнителен влог кон одржувањето на стабилноста на двата сектора, а со тоа и на севкупната финансиска стабилност.

Финансиската стабилност е заеднички приоритет и обврска на финансиските регулатори. Поблиската соработка меѓу регулаторите во изминатиот период и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност воспоставен во април минатата година, во кој се вклучени сите финансиски регулатори, придонесуваат за напредок во остварувањето на заедничката цел – одржување на финансиската стабилност. Сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со цел јакнење на стабилноста и отпорноста на финансискиот систем како носечки столб на економијата, посочуваат од овие институции.

Додаваат дека, воспоставената соработка во сегментот на финансиската едукација, финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите придонесува и за натамошен развој на финансискиот систем и за подобрување на благосостојбата на населението.

Можеби ќе ве интересира

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е столб за одржување на финансиската стабилност

M T

Склучен меморандум за соработка меѓу Народна банка и Комисијата за спречување на корупција

M T

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

M T